На ПСЖ крив им е судијата за дебаклот што им се случи против Нант

Пари Сен Жермен вчеравечер беше „растурен“ на гостувањето кај Нант и загуби со 3:1.

Ѕвездите од најдобриот француски тим по одличната претстава против Реал Мадрид одиграа катастрофално а по средбата тие место да ја бараат вината кај нив, се жалат на судењето.

„Како е можно да добиеме толку жолти картони а да не можеме да разговараме со судијата. Микел Ласања е единстен судија во светот кај кого е можно такво нешто. Судиите мора да превземаат одговорност по секој натпревар“ изјави Марко Верати.

Италијанецот заборави дека тој судија им досуди пенал по кој Нејмар се обиде на циркузантски начин да постигне гол, но ударот му беше одбранет од голманот на Нант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести