Пари Сен Жермен ја продолжува офанзивата и веќе му понуди на Пол Погба неделна плата од 600 илјади евра за да го обезбеди неговиот потпис во трансфер што би се случил идното лето.
Погба ја почна сезоната во Премиер лигата на фантастичен начин, со четири асистенции во победата на Манчестер јунајтед против Лидс со 5:1, што само ги принуди богатите сопственици на ПСЖ да побрзаат.
Францускиот репрезентативец ќе биде слободен играч идното лето, според Босмановото правило, а конкурент на ПСЖ му е Реал Мадрид, но Светците се во предност бидејќи немаат проблем со пари.
Понудата од 600 илјади евра неделна плата е фантастична и Погба би бил еден од најплатените фудбалери на светот ако ја прифати понудата да се врати во Франција и да игра за ПСЖ.

