Славија ги доведе интерашите до очај – Санчес бил тампон-зона за да не се степаат Брозовиќ и Лукаку

Интер беше тотално надигран од Славија Прага, но се спаси од пораз со гол во 92-рата минута, а потоа Алексис Санчес ја спасувал ситуацијата во соблекувалната за да не ескалира во тепачка меѓу Марсело Брозовиќ и Ромелу Лукаку.

Чилеанецот бил тампон зона во големата кавга меѓу Хрватот и Белгиецот. Лукаку му приговорил на Брозовиќ дека губел премногу топки, а ги критикувал и останатите соиграчи дека не ја почитувале на терен тактиката на тренерот Антониот Конте.

Тука има и малку суетни реакции, бидејќи според стажот, Лукаку е тазе играч во Интер, стигна летово во Милано од Манчестер јунајтед, исто како и Санчес, а на другата страна Брозовиќ е староседелец во Интер.

За среќа на италијанскиот клуб, била избегната тепачка, но според играта против Славија Прага и потоа со кавгата во соблекувалната, јасно е дека атмосферата е нарушена, па Конте ќе има многу работа да ги смири страстите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести