На само пет дена до почетокот на Европското првенство во ракомет во Словачка и Унгарија, стигна информација дека словачкиот организационен комитет донел одлука, во салите во кои ќе се играат натпреварите, капацитетот да биде исполнет само со 25 отсто.
Тоа значи дека само една четвртина од капацитетот во салите во Кошице и Братислава ќе може да бидат исполнети со гледачи, додека три четвртини од трибините ќе бидат празни. Луѓето кои ќе бидат во салите ќе мора постојано да носат ФФП2 маски.
A spectator capacity of 25% has been confirmed for all #ehfeuro2022 matches in Slovakia https://t.co/Um9TWF1uq7
— EHF EURO (@EHFEURO) January 8, 2022
Постоела опција, мечевите во Словачка да се играат без гледачи, но сепак било решено да биде дозволен исполнет капацитет од 25 отсто. „Сакаме да им се заблагодариме на Министерството за образование, наука и спорт, како и за Министерството на здравство и на целата Влада која дозволија во салите да има присуство на гледачи со 25 отсто од капацитетот. Многу сме среќни што воопшто е дозволено влез на гледачи на трибините, со оглед на тоа каква е ситуацијата со пандемијата во земјата“, рече претседателот на словачкиот ракометен сојуз, Јарослав Холеша.
За мечевите кои ќе се играат во Унгарија засега нема никакви рестрикции и салите би требало да бидат со 100 исполнет капацитет, но и во овие сали, навивачите ќе мора да носат маски.
Македонската ракометна репрезентација своите мечеви од групната фаза ќе ги игра во Дебрецен (Унгарија) и засега нема опасност да биде намален капаитетот на трибините за дуелите против Словенија, Црна Гора и Данска.
Во Словачка ќе се играат три групи од ЕП. Мечевите од Д и Е групите ќе се играат во Братислава, додека дуелите од Ф групата ќе бидат во салата во Кошице и ќе може да има само 25 отсто исполнетост на капацитетот.