На распеаните Дончиќ и Марјановиќ нема да им пречи новата забрана која ја воведе НБА (Видео)

НБА лигата воведе забрана за присуство во бар или ноќен клуб за кошаркарите кои играат во најсилната лига на светот. Ова правило ќе важи во текот на целата сезона, како дел од Ковид-19 протоколите, и за зачувување на здравјето на играчите. Секој што игра во НБА, нема да смее да се најде во затворен простор во кој има 15 или повеќе лица.

Ова значи дека единствената забава за кошаркарите ќе биде „дувањето“, бидејќи НБА сезонава нема да прави тестови за марихуана, а некои сами ќе треба да си најдат друг начин како да се опуштат.

За Бобан Марјановиќ и Лука Дончиќ кои играат во Далас маверикс, лекот е српска музика. Тие и во минатото се снимаа како пејат српски хитови, а сега се појави ново видео. Боби го снима Лука како пее, додека во позадина се слуша песната „Заборави број мога телефона“ од Наташа Ѓорѓевиќ.

Новата НБА сезона почнува на 22 декември, а расположението во Далас е на високо ниво.

https://twitter.com/i/status/1335049672159858692

- Оглас -

Најнови вести