На Раул Хименес преклани му беше скршен черепот на „Емирејтс“, а вечерва срцето

Арсенал со гол на Лаказет во 95-тата минута направи пресврт и победи против Вулверхемптон со 2-1 во премиерлигашки меч одигран вечерва на „Емирејтс“ во Лондон.

Оваа победа им помага на Топчиите во битка за место во Лигата на шампионите, а средбата беше специфична и по нешто друго.

На теренот се појави мексиканскиот напаѓач Раул Хименес, кој на истиот стадион во ноември 2020 година се здоби со катастрофална повреда и скршеница на черепот. Раул по пауза од речиси една година, повторно заигра фудбал, а дочека пак да игра на стадионот кој ќе го памети по лошо.

Инаку, Волците до вечерва имаа серија од 45 премиерлигашки натпревари без пораз во мечевите на кои поведувале со 1-0, но таа низа сега е завршена.

- Оглас -

Најнови вести