На Реал му легна новата трева на „Бернабеу“, и Модриќ се приклучи на гол-фиестата (Видео)

Реал Мадрид без проблем го совлада Елче со 4-0 во заостанат меч од шпанската лига, па сега се зацврсти на второто место, но има големи осум бода негатива зад првопласираната Барселона.

Марко Асенсио, па двапати од пенали Карим Бензема и на крајот Лука Модриќ беа творци на победата.

Реал првпат играше на новиот терен кој беше сменет, а на дресовите го имаа златниот амблем за светски клупски прваци. Елче никогаш нема победено во Мадрид, таа традиција продолжи и вечерва.

- Оглас -

Најнови вести