На ред е Сити да руши рекорд за најскап стопер

Ливерпул го прекина двегодишното царување на Манчестер сити во Премиер лигата, а откако Граѓаните се спасија од суспензија и ќе играат во ЛШ, Пеп Гвардиола реши да прави реконструкција во тимот.

Јасно е дека за обновување на екипата ќе се троши во големи размери, па дојде редот на Сити да го има најскапиот централен дефанзивец. Наводно, ќе се издвојуваат рекодрни 120 милиони евра за стоперот на Атлетико Мадрид, Хосе Марија Хименес.

Толку изнесува неговата клаузула, па Атлетико ќе мора да го пушти Уругваецот да си замине само доколку се активира таа. Симеоне сака да го задржи клучниот играч, меѓутоа Гвардиола е решен во намерите да ги добие услугите на Хименес.

Претходно Ливерпул со Ван Дајк го доби најскапиот дефанзивец, а тој рекорд се урна по ангажманот на Хери Мегваер во Манчестер јунајтед, за кого Црвените ѓаволи платија 87 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести