На Рептилите не им е ладно и на -19, Ибака погоди за победа и рекорд (видео)

Голема победа донесе Серж Ибака за Торонто во мечот против Индијана пејсерс, кој заврши со минимални 119:118. Шампионот успеа да направи пресврт иако се најде во негатива од 19 поени непосредно по стартот на второто полувреме. Одличното трио на Рептилите Лаури – Сиjакам – Ибака комбинираше 86 поени, со тоа што на капитенот му недостасуваа една асистенција и два скока за трипл-дабл учинок.

Со фантастичната серија од 11-2 во финишот од средбата, Торонто ја оствари вкупно 37-мата победа по 51 меч, односно 11-та во низа, што е рекорд на франшизата. Ибака погоди тројка на 30 секунди до крајот за +1 во корист на домаќините, а на другата страна Оладипо не го искористи последниот напад на Индијана.

Денвер настапи само со седуммина кошаркари, но успеа ја победи Јута со 98-95, а Никола Јокиќ стана само деветтиот играч во историјата на НБА кој направил трипл-дабл со 30 поени и 20 скока. Учинокот на Србинот против Џез му беше 30 поени, 21 скок и 10 асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=oSivCBC05A8

Останати резултати:

Детроит – Феникс 116:108, Бостон – Орландо 116:100, Бруклин – Голден стејт 129:88, Минесота – Атланта 120:127, Оклахома – Кливленд 109:103, Далас – Мемфис 107:121, ЛА клиперс – Мајами 128:111.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести