На Салах не му се веруваше како не даде гол, Камерун и Египет ќе играат продолженија (Видео)

Домаќинот Камерун и Египет, кој е предводен од ѕвездата Мохамед Салах, не дадоа гол во регуларните 90 минути во полуфиналето на Африканскиот куп на нациите, па победникот ќе се обидат да го одлучат во дополнителни 30 минути игра или пенали.

Камерун и Египет се најтрофејни селекции на Црниот Континент, заедно имаат 12 титули, притисокот беше голем, па не успеаја да постигнат погодок, иако имаше шанси на двете страни.

Веројатно најзрелата шанса беше онаа на Салах кога излезе сам пред Андре Онана, се обиде да го помине, но не успеа.

Погледнете ја супер интервенцијата на Онана со која голманот го спаси Камерун во 56-тата минута:

https://twitter.com/i/status/1489334542142001152

- Оглас -

Најнови вести