На сапуницата ѝ нема крај – Икарди и Ванда се повторно заедно (ФОТО)

Иако пред неколку дена Ванда Нара кажа дека се разведува од Мауро Икарди, сепак има нов пресврт во оваа љубовна сапуница.

Парот којшто често ги полни таблоидите, тоа го стори и овојпат, каде што сега може да се види дека повторно се заедно.

Мауро на својот профил на „Инстаграм“ стави фотографија од него и Ванда, додека исто така тој објави и „стори“ на кое и праќа бакнежи на Ванда, како и разговара со неа.

Очигледно е дека барем во овие моменти нема ништо од разводот што го најавуваше Ванда.

- Оглас -

Најнови вести