На селекторот му „пукна филмот“: Зошто Саутгејт не го прашате за тоа што САД и Англија го правеа во Авганистан!?

Настапот на репрезентацијата на Иран на Светското првенство во Катар е под постојан надзор, посебно затоа што имаше шпекулации дека овој тим воопшто може да не допатува на Мундијалот. На првиот меч што го играше Иран, навивачите од оваа земја ја исвиркаа сопствената химна, а фудбалерите не сакаа да ја пејат.

Таквиот потег на фановите и на фудбалерите беше во знак на протест поради владиниот режим во земјата во која со месеци има шестоки протести и барањето жената да добие поголеми права. На 16 септември беше убиена Маша Амини пораи неправилно носење на хиџабот. Потоа следуваа жестоки протести, во кои беа убиени и други луѓе, а многумина беа ставени во затвор.

На вчерашната прес-конференција пред денешниот дуел на Иран против Велс, селекторот на Иран, Португалецот Карлос Кеирош, мораше да одговара и на нефудбалски прашања поставени од една англиска новинарка. Селекторот културно одговори дека е дојден во Катар за фудбал и сака неговите играчи да се фокусираат на спортскиот настан, но дури и откако заврши прес-конференцијата, новинарката настојуваше Кеирош да ѝ одговори на нејзиното провокативно прашање, а тогаш Португалецот контрираше.

„Дали мислите дека не е фер да поставиме вакво прашање?, праша новинарката, а потоа Кеирош ѝ одржа лекција и ѝ одговори: „Сега јас вас да ве прашам една работа. Прес-конференцијата е завршена и дали мислите дека е фер и на други селектори да им поставувате вакви прашања? Тоа е единствено нешто што јас вас ќе ве прашам. Зошто не ги прашате и другите селектори за слични работи? Зошто не го прашате Саутгејт што мисли за Англија и Америка за работите кои ги направија во Авганистан? Зошто тоа прашање не му го поставите на селекторот на Америка?“, беше одоговорот на Кеирош, кој потоа си замина.

- Оглас -

Најнови вести