На шампионот му лежи Њујорк – По Ајлендерс, паднаа и „ренџерите“

Вашингтон капитолс го доби дуелот со Њујорк ренџерс во пенал-серијата со 4-2 откако по три третини и една дополнителна не се одлучи победникот. Резултатот беше 2-2 по регуларниот дел од средбата, а Овечкин го погоди одлучувачкиот пенал со кој Вашингтон оствари двојна победа во Њујорк само за два дена, откако завчера славеше и против Ајлендерс со 3-1.

Актуелниот шампион воедно стигна до четввртата последователна победа и се изедначи со Ајлендерс на табелата во Источната конференција, двете екипи имаат учинок од 37 победи и 28 порази.

Сепак, Капитолс до триумфот стигнаа на необичен начин. При обидот на Овечкин во пенал-рулетот, голманот на Њујорк го фрли стапот пред хокејарот на гостите да упати удар, а судиите проценија дека намерно го направил тоа и пресудија како гол за Овечкин, по што се одлучи победникот.

И втората екипа од Њујорк претрпе пораз, но за разлика од „ренџерите“, Ајлендерс на домашен терен убедливо загуби од Филаделфија флаерс со 4-1.

Винипег џетс и вторпат сезонава запиша триумф над Колумбус блу џекетс, откако со убедливи 5-2 славеа и на гости кај оваа екипа. Седум гола се постигнаа и при првата пресметка на овие две екипи (4-3), но Џетси овојпат не дозволија неизвеснот и со хет-трикот на Вилер во последниот период стигнаа до посакуваните бодови.

Резултати НХЛ:

Њујорк ренџерс – Вашингтон капитолс 2-2 (2-4 на пенали)

Њујорк ајлендерс – Филаделфија флаерс 1-4

Анахејм дакс – Колорадо аваланш 2-1

Вегас голден најтс – Ванкувер канукс 3-0

Флорида пантерс – Отава сенаторс 2-3

Колумбус блу џекетс – Винипег џетс 2-5

Минесота вајлд – Нешвил предаторс 2-2 (1-2 на пенали)

Сан Хозе шаркс – Чикаго блекхокс 5-2

- Оглас -

Најнови вести