На Шкендија ѝ треба подвиг што никогаш не го направила

Шкендија ќе мора за првпат во 18-тиот настап на европската сцена да победи на гостински терен, по поразот дома, за да се пласира во претпоследната фаза за настап во Лигата на Европа.

Противник е Дуделанж од Луксембург, екипа која славеше во Скопје со 2:1 и според традицијата што ја има македонскиот првак, е многу блиску до пласман понатаму во квалификациите за учество во Лигата на Европа.

Досега Шкендија никогаш не успеала по домашен пораз на европска сцена да анулира негатива во реваншот во Скопје и да се пласира понатаму.

Но, тетовци велат дека за сè има првпат, а и според обложувалниците, тие се фаворити за победа на стадионот „Жози Бартел“ денеска, од 18 часот.

Коефициентот за победа на Шкендија е 2.03 во обложувалниците на Sport Life, a Дуделанж пак е аутсајдер како што беше и на првиот меч во Скопје, сега со коефициент за победа од 3.25.

Ремито кое не ѝ одговара на Шкендија е со квота 3.35, а ако македонскиот првак успее за првпат во своите настапи на евросцената да надомести домашен минус, тогаш ќе има шанса да му се реваншира на Номе Калју за елиминацијата од Лигата на шампионите во претходната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести