На Сити не му се чекаат 180 минути, за 45 изгледа го реши полуфиналето во Карабао купот

Бернардо Силва со убав гол и мајсторска асистенција е најзаслужен што Манчестер сити има предност од 3-0 по првото полувреме на гостувањето кај Манчестер јунајтед во првиот полуфинален дуел од Карабао купот. Ако продолжат во ист стил, Граѓаните може да го повторат успехот од 2011 година, кога на „Олд Трафорд“ во градското дерби дадоа дури шест гола.

Јунајтед за првпат по август 2018 прима три гола во првото полувреме. Меѓу 70-те илјади гледачи има и три илјади гостински фанови, кои при резултат 3-0 почнаа на противничкиот тренер Оле Гунар Солскјер да му скандираат: „Сакаме да останеш“.

Сити нема пораз во Карабао куп од октомври 2016, тогаш загуби во градското дерби со гол на Хуан Мата. Но, сега тимот на Пеп Гвардиола е на пат да ја продолжи својата триумфална серија.

- Оглас -

Најнови вести