На соиграч на Ристовски му беа потребни повеќе од 200 натпревари за да го постигне првиот гол во кариерата (Видео)

Динамо Загреб вчера ѝ гостуваше на Риека и забележа победа од 1-2 во натпревар без никакво резултатско значење. Сепак, еден фудбалер засекогаш ќе се сеќава на овој натпревар бидејќи го постигна првиот погодок во својата сениорска кариера, а за да го направи тоа, му беа потребни повеќе од 200 натпревари.

Станува збор за десниот бек на репрезентацијата на Иран и на Динамо Загреб, Садег Мохарами, кој го постигна вториот погодок на натпреварот против Риека.

https://twitter.com/GolBezan/status/1660389287127404546?s=20

Давесет и седумгодишниот Иранец во својата кариера настапуваше за Малаван и Персеполис во татковината, а потоа се пресели во Хрватска, каде што освен за Динамо Загреб, има играно и за Локомотива Загреб.

- Оглас -

Најнови вести