На спектакуларен начин испратени фудбалерите на Милан (видео)

Навивачите на Милан на спектакуларен начин и со огромна поддршка ги испратија фудбалерите на тешкото гостување кај Аталанта во последното коло од Серија А.

Во Бергамо Росонерите треба да останат непоразени за следната есен да бидат дел од европскиот крем, па јасно е дека на играчите на Стефано Пиоли им е потребна сета поддршка која може да ја добијат.

Аталанта е втора со 78 бода, односно има два повеќе од Милан, кој пак има еднаков број на бодови (76) како и Наполи, додека Јуве ги следи со 75 бода и ќе биде вистинска драма во битката за преостанатите места кои водат во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести