На Спортинг му се брза да го ангажира Аморим – Ристовски од утре ќе има нов тренер?

Рубен Аморим ќе биде нов тренер на Спортинг Лисабон, а португалските медиуми тврдат дека договорот со Брага веќе е постигнат, само е прашање дали 35-годишниот стратег сега или налето ќе го преземе кормилото на Лавовите од Лисабон.

Хорхе Мануел Ребело Фернандес, или као што го нарекуваат кратко Силас, прифати да си замине. Сегашниот тренер на Спортинг, клубот за којшто игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, има договор до ова лето, а тоа е мал проблем за „зелено-белите“.

Поголем е тој што Спортинг нуди шест милиони евра како отштета за Аморим, а Брага бара 10 милиони евра, како што е наведено во договорот што го има со 35-годишниот стручњак. Ако челниците на Брага ја прифатат понудата, можно е утре или во текот на оваа седмица да има промоција на Аморим во нов тренер на Спортинг.

 

- Оглас -

Најнови вести