На Спортска прогноза имаме двa од Топ 10 најголемите градски дерби-дуели во светот

Да се погоди конечниот резултат на дерби-меч носи посебно задоволство кај сите оние коишто се дел од Спортска прогноза. За овој викенд имаме дури шест дерби-мечеви во европските првенство, а точна прогноза може да ви донесе вредни добивки, како што минатиот викенд тоа го направија двајцата најдобри прогнозери, кои освоија вредносни ваучери од Sport Life. 

Градските дерби-дуели меѓу Црвена ѕвезда – Партизан и Милан – Интер се во Топ 10 ривалства во светот. Интер започна одлично сезонава и е единствен со максимални 9 бода во Серија А. Нераѕурите сигурно ќе сакаат да продолжат во ист ритам и против Милна, но овојпат на „Сан Сиро“ најголем дел од фановите ќе бидат обоени во „црвено-црна“ боја.

Црвена ѕвезда вечерва игра против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но овој меч сигурно нема да биде оправдување за да не одиграат најдобро што можат во дербито кое им следи во првенството против Партизан. Покрај овие градски дерби-дуели, во понудата на Спортска прогноза за третото коло има уште многу атрактивни мечеви за „1Х2“.

Играњето Спортска прогноза е БЕСПЛАТНО, а единствен услов за учество во Спортска прогноза е да имате картичка од Sport Life.

Прогнозирањето трае до 16 часот во сабота кога се игра и првиот меч од понудата. За „Среќна 13-ка“, односно погодени сите 13 парови, се добива мобилен телефон iPhone XS. Еден утнат меч носи ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ка е доволно за ваучер од 500 денари во Sport Life.

Не чекајте, прогнозирајте, па ако имате дилеми, можете пред почетокот на првиот меч да направите корекција.

- Оглас -

Најнови вести