На „Стемфорд бриџ“ не може да биде досадно кога има вакви лудаци (Видео)

Лондонското дерби меѓу Челси и Фулам кое заврши со минимален триумф на Сините, но на трибините на „Стемфорд бриџ“ имаше невообичаен момент кога седуммина навивачи направија нешто што ги шокира сите на стадионот.

Имено, тие во еден момент почнаа да си ги чистат забите со четка.

Претходно, тие имаа уште еден перфоманс, кога наводно извадија книги за читање на кои го пишуваше името на филмот.

Навивачите прво не знаеја за што станува збор, но набрзо сфатија дека се работи на промоција на новиот филм „Аргил“ кој наскоро треба да ја има премиерата во Обединетото Кралство.

На верните навивачи на Сините, не им се допадна овој перформанс на седуммината и веднаш почнаа да ги освиркуваат.

- Оглас -

Најнови вести