За лошата сезона во Ф1, на Строл виновно му е малото седиште во болидот

Канадскиот пилот Ленс Строл од Рејсинг поинт тимот во Формула 1 немаше баш добра сезона, од неговиот тимски колега Серхио Перес загуби на 18 од 21 трка, а како една од причините за слабите изданија, особено во квалификациите, тој го обвини премалото седиште во болидот.

„На почетокот на годината се мачев со моето возачко седиште, кое не се вклопуваше во болидот. Ни беа потребни неколкиу трки за овој проблем да се реши. Звучи смешно, но тоа е вистината“, рече Строл.

Пилотите на Ф1 се мерат пред секоја сезона и потоа врз основа на нивните пропорции се прават и седиштата во кокпитот на болидот. Строл во 2019 освои 21 поен, на шест трки беше меѓу најдобрите десет. За 2020 целта му е да биде побрз на квалификациите.
- Оглас -

Најнови вести