Фудбалер во Трета лига одигра велемајсторски – На Тарзан асистенцијата е број 1 без конкуренција (Видео)

Фудбалерот на португалскиот третолигаш, Калдас, Жоао Родригес-Тарзан ја има најубавата асистенција во 2022 година во победата од 4:1 против Академика.

Човекот со познат прекар, Тарзан, одигра брилијантно со популарната Рабона кон Жоао Силва во 36. минута, а на неговиот соиграч му остана само полесната работа, да ја погоди мрежата на Академика.

Great assist from Tarzan (Caldas) – Portuguese 3rd division from soccer

Тарзан е еден вид легенда на клубот и има одиграно 125 меча за Калдас, клуб кој моментно е прв во Третата лига со 12 бода и е единствената екипа без пораз по 6 кола, заедно со Фонтињас.

 

- Оглас -

Најнови вести