На Тен Хаг му треба лидер на терен, задоцни за малку за да му го расипе планот на Мурињо

Ерик Тен Хаг побарал од Немања Матиќ да остане во Манчестер јунајтед, веднаш по доаѓањето на кормилото на Црвените ѓаволи, но задоцни бидејќи Жозе Мурињо беше брз и успеа да го ангажира 33-годишниот фудбалер во Рома.

Матиќ доби зелено светло да си замине од Манчестер, веднаш по завршувањето на сезоната, па Тен Хаг не успеа да го задржи. Целта на Холанѓанецот била српскиот ас да биде лидер на теренот во составот што тој го замисли во иднина.

Српскиот ас е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата, има огромно искуство и квалитет и веднаш за него интерес покажа Жозе Мурињо, кој успе да го доведе во Рома.

Португалецот му беше тренер на 33-годишниот Србин во Челзи и во Манчестер јунајтед и одлично ги познава неговите квалитети, па сега ќе има хет-трик во нивната соработка.

- Оглас -

Најнови вести