На Тен Хаг сите му се виновни: „Поставуваш многу прашања, срамота е“

Манчестер јунајтед вечерва ќе го одигра првенствениот натпревар против Шефилд јунајтед, а на официјалната прес-конференција пред натпреварот, холандскиот тренер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, предизвика вистински скандал откако влезе во клинч со еден од новинарите.

Тен Хаг доби прашање за натпреварот со Ковентри во полуфиналето од ФА купот, на кој Манчестер јунајтед имаше водство од 3-0, но мечот заврши 3-3, а на крајот неговата екипа дури после пеналите успеа да се пласира во големото финале.

„Ми постави доволно прашања. Едното од нив беше: Дали е тоа срамота? Не, твојата реакција е срамота. Се работи за коментарите. Врвниот фудбал се резултатите. Дојдовме до финалето и го заслушивме тоа, не само на овој натпревар, туку и на претходните. Изгубивме контрола на 20 минути, немавме среќа, беше 3-2, па 3-3. На крајот, очигледно, имавме многу среќа. Пеналите беа добри и стигнавме до финалето, тоа е голем успех, двапати во две години.“ – рече Ерик тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести