На Томори не му се веруваше за што доби црвен картон

Челзи поведе со 2-0 на „Сан Сиро“ против Милан, а првиот гол беше од пенал на Италијанецот Жоржињо.

Пеналот го направи англискиот репрезентативец Фикајо Томори, кој притоа доби и црвен картон, па дополнително им ја отежни работата на своите соиграчи во преостанатите 70 минути.

Мејсон Маунт излезе сам пред голманот Татарушану, но беше повлечен за рамото од Томори и судијата покажа црвен картон и пенал. Росонерите протестираа, за нив ова не беше за црвен картон, но одлуката остана непроменета.

Голот на Жоржињо е негов прв во ЛШ на гостински терен. На 2-0 зголеми Обамејанг кој во минатото има играно за Милан.

- Оглас -

Најнови вести