На Тотенхем му се исполни желбата повторно да загуби од Сити

Манчестер сити со голот на Фил Фоден уште во 5 минута, дојде до победа од 1-0 над Тотенхем, и се искачи на првото место на премиерлигашката табела, со еден бод предност во однос на Ливерпул.

Фоден со 18 години и 327 дена, е најмладиот стрелец во историјата на Сити. Досега ниту еден играч играч на „граѓаните“ роден во 2000 година или после тоа, немаше постигнато гол на премиерлигашки меч.

За актуелниот англиски првак, лоша вест од овој меч со лондонските „петли“ е повредата на Кевин Де Брујне, кој го напушти теренот во 38 минута.

Тотенхем не успеа да стане првиот тим во последните десет сезони кој славел во иста сезона против двата клуба од Манчестер, а интересно е што на некој начин, несакајќи им се исполни желба да загубат денеска. После дуелот во средата од Лигата на шамлионите, Ериксен и Сон изјавија дека би сакале реприза и на лигашкиот дуел. Но, тие како да заборавија дека тој меч во средата заврши со 4-3 и всушност Тотенхем загуби, но тој пораз беше сладок, бидејќи им донесе пласман во следната фаза. Овојпат не беше истиот резултат, но повторно Тотенхем загуби со еден гол разлика.

- Оглас -

Најнови вести