На Токо-Екамби му се собраа неправди против Стразбур, во бес ја фати на волеј кантата за ѓубре (Видео)

Лион неочекувано загуби со 1:2 од Стразбур во 19. коло, а нервозата кај 7-кратниот француски првак беше видлива и на трибините и на терен кај играчите.

Еден од најдобрите напаѓачи во француското првенство, Карл Токо-Екамби беше исвиркан од домашната публика кога беше заменет во 58. минута при негатива на Лион од 1:2, а целата фрустрација ја искали во подтрибинскиот простор кога почна да ја шутира кантата за ѓубре.

Првиот волеј му беше неуспешен, па падна, а потоа во уште поголем бес уште еднаш се распука по кантата.

Лион не игра добро во Лига 1 во Франција и со поразот од Стразбур на домашен терен падна на осмото место, а може да биде дури и 11-ти, ако денеска најблиските конкуренти победат во дуелите од 19. коло.

 

- Оглас -

Најнови вести