На трансфер-листата на Анчелоти прв на чело е најскапиот фудбалер на Реал Мадрид

На Реал Мадрид му останува само формално да ја заврши сезоната со последните два меча во Примера дивисион, а тренерот Карло Анчелоти веќе ги започнува подготовките за новата сезона.

Италијанскиот стратег веќе состави краток список на фудбалери кои ќе се најдат на трансфер-листата пред летниот преоден рок. Четворица играчи се сигурни на кои Анчелоти нема да смета за следната сезона, а прв е Еден Азар. Најскапиот фудбалер во клубот веќе долг период воопшто не е во плановите за првиот тим, но тој останува во клубот и добива плата поголема од сите оние кои се заслужни за трофеите кои Кралевите ги освојуваат изминатиов период.

Покрај Белгиецот, на оваа трансфер-листа се уште и Алваро Одриосола, Хесус Ваљехо и Маријано Дијас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести