На Ван-Бисака ќе му биде весело против Арсенал – Дома го викаа Тјери Анри, а цела фамилија му навива за Топчиите

Арон Ван-Бисака ќе има посебни мотиви да одигра на препознатливо ниво вечерва за Манчестер јунајтед против тимот за којшто навива од дете.

Арсенал бил изборот на 22-годишниот бек на Манчестер јунајтед, а интересно е што цело семејство навива за Топчиите и поради брзината што ја поседува Бисака бил нарекуван Тјери Анри.

Играчот објави интересна конверзација на социјалните мрежи меѓу него и неговиот татко, а главното прашање е што е поважно, победа на Арсенал или добар настап на Ван Бисака и триумф на Манчестер јунајтед.

Одоговорот е очекуван, а Ван Бисака ќе има можност Новата година да ја почне со дуел против тимот за којшто навива. Дербито на 21-вото коло како дел од новогодишната програма во Премиер лигата ќе се игра во Лондон и почнува од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести