На Вардар сега му е потребно најмногу помош, во пеколна атмосфера да се изненади Веспрем

Во реприза на ланското финале од ЛШ, Вардар игра Веспрем. Пред шест месеци, македонскиот првак славеше на фајнл-фор турнирот во Келн со 27:24 и стигна до втората европска титула. Сепак, сега ситуацијата е поинаква. Добар дел од шампионскиот состав на Вардар го нема, а Веспрем е дополнително засилен. Токму затоа гостите се во улога на фаворити, иако мечот се игра во „Јане Сандански“, каде Вардар не се предава на никого.

Големиот број на повредените играчи доведе до тоа Вардар да нема стабилна одбрана, а во таква ситуација е и многу потешко да се очекува триумф. На денешниот меч, европскиот првак ќе биде без Кристијан Дисингер кој имаше операција и сега му следува пауза од 4-5 месеци, но најавено е враќање на Даинис Криштопанс, кој сезонава е главен играч во Вардар.

Во изминативе пет години дуелите на овие екипи прераснаа во вистинско ривалство. Во 16 меѓусебни средби, Веспрем има седум победи, Вардар се радувал пет пати, а четири средби завршиле нерешено. Мечот започнува во 17 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести