На Вардар сега му треба најголема поддршка, за Веспрем пуштени дополнителни влезници

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите во ракомет кој Вардар ќе го игра против унгарски Веспрем на 1 декември во Скопје, пуштен е дополнителен контингент билети за овој интересен дуел.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети за секторот стоење.

Цената на билетите е 150 денари. Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за 1 декември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”. На македонскиот и европски првак му треба поддршка од трибините за да им се врати на победите по лошото издание кај Мешков Брест.

- Оглас -

Најнови вести