На вардарките не им оди во ЧСМ Букурешт

Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Барбара Лазовиќ се пред елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите со ЧСМ Букурешт, откако на свој терен го загубија првиот меч од Мец со 26:31.

Францускиот состав беше подобар и со пет голови предност ќе го почне реваншот. Трите поранешни вардарки одиграа одлично, заедно постигнаа 22 од 26 погодоци на домашниот состав, но и не можеа се сами.

Радичевиќ беше најефикасна со 10 голови, Лекиќ постигна 9, а Лазовиќ три, што сепак беше недоволно да се размрдаат редовите на домашниот тим.

Ова е последниот двомеч пред настап на фајналфор турнирот што е закажан за 11. и 12. мај во Будимпешта.

- Оглас -

Најнови вести