На Вест хем и Олимпијакос посилна страна им е нападот

6024 Ајакс – Брајтон (18.45 часот)

Ајакс има само два бода по првите три кола во својата група од Лигата на Европа, па на Копјаниците вечерва им одговара само победа и ништо друго. Во претходното коло Брајтон славеше над Ајакс со 2-0. Ајакс почна да се буди и има две победи по ред во домашната лига и атмосферата е малку подобра. Брајтон играше 1-1 во последните два меча на домашна сцена, а последната победа на гости им беше уште во средината на септември.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)

 

6025 Славија Прага – Рома (18.45 часот)

Ова се двата најдобри тима во групата Г од Лигата на Европа, а во минатото коло во Рим, Рома ја победи Славија со 2-0, па сега на потег се Чесите. Волчицата има максимални 9 бода по три кола и на сите три меча даваше барем два гола. Славија и Рома се екипи кои ретко играат нерешено. Рома во минатото двапати гостувала во Прага, но не победила. Славија викендов загуби дома од Викторија П’лзењ, но можеби ги чуваа силите за дуелот со тимот на Мурињо.

Предлог тип: 2 (2.60)

 

6728 Бешикташ – Бодо/Глимт (18.45 часот)

Турскиот тим разочара во првите три кола од групната фаза во Конференциската лига, има само еден бод и седум примени гола. Пред две недели во Норвешка, Бодо го совлада тимот од Истанбул со 3-1. Ако не победи вечерва, Бешикташ веројатно ќе се прости од можноста да игра европски мечеви напролет. Бодо во август го претрпе својот последен пораз на гостински терен.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.45)

 

6731 ПАОК – Абердин (18.45 часот)

ПАОК го победи Абердин со 3-2 во Шкотска на 26 октомври, па сега тимот на Бојан Миовски (нашиот репрезентативец даде еден од головите против ПАОК), ќе се обиде да се реваншира. Абердин има само еден бод по три кола, па ако не победи вечерва на „Тумба“ во Солун, ќе ги загуби шансите за пласман во следната фаза во Конференциската лига.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.89)

 

6029 Вест хем – Олимпијакос (21.00 часот)

Чеканите од Лондон имаат 6, а Пирејците четири бода по три кола, па ова е битка за пласман во следната фаза на Конференциската лига. Олимпијакос го совлада Вест хем со 2-1, па англискиот тим ќе има екстра мотиви. Олимпијакос на гости нема пораз уште од април, но на „Лондон стадион“ тешко дека ќе останат непоразени. Викендов во домашните лиги двата тима загубија, иако дадоа по два гола.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.89)

 

- Оглас -

Најнови вести