На „Вила парк“ се одигра историски меч, сите играчи беа помлади од Премиер лигата

Астон вила го победи Фулам со 3:1 во меч што ќе биде запишан во историската книга на англискиот фудбал. Сите 22-ца стартери, по 11 во двете екипи, не биле родени кога се одигра првиот меч во Премиер лигата.

Од 15 август во 1992 година тргна новиот проект во колевката на фудбалот и стартуваше Премиер лигата со својот прв меч, а денеска на „Вила парк“ за првпат во историјата од почеток играа исклучиво фудбалери што се родени по тој датум.

Домаќините го прославија необичниот податок со победа од 3:1, а успеаја да направат пресврт само за 9 минути по водството на Фулам со голот на Александар Митровиќ во 61-вата минута.

Репрезентативецот на Египет, Трезеге, со два брзи гола за 180 секунди го најави пресвртот во 78-мата минута, а потоа прецизен беше и Оли Воткинс за 13-ти триумф на Астон вила во историски меч што се одигра во Бирмингам.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести