Тринидад и Тобаго ја исполни нормата и потврди дека ќе учествува на Зимските олимписки игри во Пекинг, во натпреварот во боб-санкање двосед. Тринидад е втората егзотична карипска земја по Јамајка која ќе има свој тим во боб.
Тринидад и Тобаго и пред 20 години на ЗОИ во Солт Лејк сити учествуваше во боб-санкање.
Приказната за боб-тимот на Јамајка која беше раскажана во филмот „Ледена патека“ беше мотивација за другите земји во кои нема снег и мраз да тренираат зимски спортови. Нема да биде изненадување ако во иднина на ЗОИ во боб-санкање се појави и репрезентација на Барбадос.