Мерка за трпение – Над 15 години е во клубот и само трипати влегол како резерва

Франческо Роси доби шанса да брани повеќе од десет минути против Бреша и го забележи само третиот настап во матичниот клуб Аталанта.

Голманот кој има 29 години од дете е во клубот од Бергамо и имаше исклучителен праг на издржливост и трпение, бидејќи во над 15-годишната кариера како професионалец вчера само третпат доби шанса да биде на терен и меѓу стативите.

И интересно при сите три настапи, а и вчера влегуваше во игра како резерва. На дуелот со Бреша го замени Марко Спортиело во 80. минута, а само 180 секунди подоцна ја вадеше топката од мрежата, кога гостите го постигнаа својот втор гол на мечот во поразот во Бергамо од 6:2.

Роси често беше и на позајмица во клубови од понизок ранг во Италија, но секогаш беше на располагање на Аталанта, најчесто како резервен голман.

Лани бранеше само една минута за Аталанта, на мечот со Сасуоло, а во сезоната 2017/18 настапи исто така како резерва против Калјари и тоа само 8 минути, што е вкупно 20 минути на терен во дресот на клубот во кој е повеќе од 15 години.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести