Надал е како робот: Тренира на трева и се подготвува за Вимблдон (видео)

Рафаел Надал одржа вонредна прес-конференција на која ги потврди намерите да настапи на Вимблдон, третиот овосезонски гренслем.

„Моите намери се да играм на Вимблдон. Ги пропуштив претходните три изданија, сакам повторно да заиграм во Лондон. Засега сум оптимистичен околу мојот настап. Третманите на ногата се одвиваат според планот, тренирам според програмата и се надевам дека ќе бидам подготвен, но не се знае што ќе се случи во наредните неколку дена“, истакна Надал на прес-конференцијата.

Се чини дека проблемите со ногата се надминати, Надал по пресот тренираше без проблем како што може да се види на видеото.

Инаку, шпанскиот тенисер ќе атакува и на трета  гренслем титула во сезоната, по освоените трофеи во Мелбурн и во Париз, односно на 23-та вкупно во кариерата.

 

 

Останува да се види дали бранителот Ѓоковиќ ќе му биде главен противкандидат на Надал во битката за титулата во Лондон. Вимблдон стартува на 27 јуни, победникот во машка конкуренција ќе се дознае на 10 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести