Надал – Гаске 18-0, Чилиќ си закажа осминафинале со Алкараз

Рафаел Надал без проблеми го победи својот омилен противник, Ришар Гаске, со 6-0, 6-1, 7-5, и се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.

Надал и Гаске кои се врсници и разликата во возраст помеѓу нив е само 15 дена, еден против друг играле 18 пати, и секогаш победувал Шпанецот. Французинот нема освоено сет против Надал уште од 2008 година.

Во следната рунда, Надал ќе игра против Американецот Френсис Тиафо.

Еден од поинтересните осминафинални дуели ќе биде пресметката на Хрватот Марин Чилиќ со третиот носител Карлос Алкараз. Младиот Шпанец уште нема загубено сет на турнирот во Њујорк и тој е најмлад осминафиналист на САД опен после 32 години.

- Оглас -

Најнови вести