Надал го претрка Едберг со победа против Ебден

Рафаел Надал се проби на третото место на вечната листа тенисери со најмногу победи на Отвореното првенство на Австралија по лесниот триумф во три сета против Метју Ебден.

Шпанецот сега има вкупно 57 победи во Мелбурн и го претрка легендарниот Швеѓанец Стефан Едберг. Се сметаат само успесите во таканаречената тениска „Опен ера“ од 1968 година досега.

Надал беше супериорен, во секој сет успеа да направи барем еден брејк, а не му дозволи ниту еден на австралискиот тенисер и се пласира во третата рунда на АО.

Таму го чека дуел со уште еден домашен тенисер, Алекс де Минаур, кој успеа во маратонски меч да го победи Лаксонен од Швајцарија со 3:2 во сетови. Досега имаат играно само еднаш, на Вимблдон лани, и Надал рутински победи со 3:0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести