Надал има наследник – Дебитираше со пораз, но генот и талентот ветуваат блескава кариера

Рафаел Надал има тениски наследник од своето семејство, а 16-годишниот Жоан Надал Вивес веќе дебитираше на ИТФ турнир и иако загуби, од него многу се очекува во иднина.

Синот на Тони Надал, кој му е вујко и тренер на големиот шпански ас, го одигра првиот меч на турнирите и загуби со 6:3, 6:1 во родниот Манакор, но допрва треба да го презентира својот талент.

Жоан Надал Вивес тренира од 2016 година во познатата тениска Академија што ја има Рафаел Надал и од него се очекуваат многу успеси во иднина.

Семејството Надал е познато по своите асови, секако најмногу по 20-кратниот тениски гренслем-шампион Рафаел Надал, но и по поранешниот фудбалски ас на Барселона Мигел Анхел Надал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести