Надал има шпански рецепт во Париз – Победа во три сета за полуфинале

Рафаел Надал има шпански рецепт за успех на турнирот од Мастерс серијата во Париз и по вторпат славеше со 2:1 против свој сонародник во Берси.

По триумфот од 2:1 против Фелисијано Лопес, вечерва на ист начин го победи и Пабло Карењо Буста. И против Лопес и вечерва со Карењо Буста, Надал го загуби првиот сет, но потоа напшрави пресврт за пласман во полуфиналето.

Фаворитот тргна лошо, го загуби сервисот при резултат 3:3 во првиот сет и загуби со 4:6. Но, потоа успеа да израмни и тоа со брејк во клучен момент во последната игра од вториот сет и го доби тој дел од мечот со 7:5.

Финишот потоа беше само рутина за првиот носител на турнирот, Карењо-Буста веќе немаше сили, па рутински Надал славеше со 6:1 и со резултат од 2:1 во сетови ќе го чека противникот во полуфиналето.

Против него ќе игра победникот од мечот меѓу Зверев и Вавринка, а во второто полуфинале ќе ги одмерат силите Медведев и Раониќ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести