Надал ја освои првата титула во 2020, вкупно 85-та во кариерата

Рафаел Надал почнува да ја подигнува формата во пресрет на Ролан Гарос. Шпанецот стигне до првата титула во 2020 година, откако во финалето на АТП турнирот во Акапулко, лесно со 6:3, 6:2 го победи Тејлор Фриц од САД. За Надал ова е трета титула на овој турнир и се израмни со Давид Ферер и Томас Мустер кои претходно три пати триумфирале на овој турнир.

„По завршувањето на Австралија и одлуката да не се натпреварувам во следните неколку недели, ова беше многу важен момент за мене. Одиграв солидно и задоволен сум“, рече Надал, по триумфот на турнирот кој се игра на тврда подлога.

За Надал ова е вкупно 85-та титула во кариерата, а за триумфот заработи и 372.785 долари како и 500 АТП поени што само го донесоа чекор поблиску до лидерот Новак Ѓоковиќ кој вчера се радуваше на титулата во Дубаи..

 

- Оглас -

Најнови вести