Надал ја продолжи перфектната серија против Хачанов и се пласираше во осмина финалето на ОП на Австралија

Рафаел Надал се пласираше во осмина-финалето на Отвореното првенство на Австралија откако со 3:1 во сетови го победи Карен Хачанов.

Шпанецот својата потрага по 21-та гренд слем титула ја продолжи во Австралија откако ја оствари деветтата едноподруго победа над Русинот, овојпат со 6:3, 6:2, 3:6, 1:6 во сетови.

Со тоа, Рафа како шести носител се пласираше во осмина-финалето каде што за противник ќе го има подобриот од Адриан Манарино и Аслан Каратсев, кои во овие моменти го играат третиот сет, а резултатот е 1:1.

- Оглас -

Најнови вести