Надал: Јас сум човек којшто живее со повредите

Рафаел Надал беше елиминиран од мастерсот во Рим во осминафиналната фаза, и тоа од Денис Шаповалов со 2:1 во сетови.

Пред настапот на Ролан Гарос, најтрофејниот тенисер по бројот на гренслем-титулите има големи проблеми бидејќи има повреда на стапалото.

„Болката почна кон средината на вториот сет, а потоа веќе едноставно не можев да играм. Јас сум тенисер којшто не се повредува, туку сум личност којашто цел живот живее во болки.

Се надевам дека сè ќе биде добро пред почетокот на Ролан Гарос“, изјави Шпанецот по вчерашната елиминација.

- Оглас -

Најнови вести