Надал му се враќа на тенисот, ќе игра на турнирот на кој започна неговата агонија

Официјално е потврдено дека враќањето на тениските терени на Рафаел Надал ќе се случи на Австралија опен, турнирот на кој и започна неговата агонија.

Шпанецот последниот настап го имаше во Мелбурн во јануари, кога се повреди на мечот од второто коло, а потоа следуваа неколку операции. Директорот на Австралија опен, Крег Тили, официјално ја потврди информацијата дека 240-тиот тенисер моментално на АТП ранг листата ќе игра во Мелбурн.

– “Ексклузивно откриваме дека Рафа ќе се врати. Разговаравме неколку пати во последните неколку дена и тој ми потврди дека ќе се врати. Возбудени сме поради неговото доаѓање, одлично е.“ – вели тој.

- Оглас -

Најнови вести