Надал на три победи од обезбедување на првото место на крајот на 2019

Рафаел Надал ја продолжи серијата пласмани во четврт-финалето на Мастерсот во Париз. Вечерва во два сета го совлада Станислас Вавринка и дојде на три чекори од обезбедување на првото место на крајот на годината. Доколку Надал го освои турнирот во салата „Берси“ во Париз, годината ќе ја заврши како број 1, без оглед на исходот на завршниот турнир во Лондон.

Теоретски, шанса да се врати на првото место има и Новак Ѓоковиќ, но работите не зависат од него, туку од Надал. Тенисерот кој неодамна се ожени имаше стомачни проблеми, но и тоа, и паузата од 52 дена без официјален меч засега не го спречуваат во победите. Следен ривал му е Французинот Жо-Вилфред Цонга, додека Ѓоковиќ во четврт-финалето се среќава со Стефанос Циципас.

Во календарската 2019 година, Надал и Ѓоковиќ имаат по 50 победи, Роџер Федерер има 51, а Данил Медведев 59. Од понеделник, Надал ќе го преземе првото место на АТП-листата и таму ќе биде минимум две недели. В понеделник може да се знае и дали Надал годината ќе ја заврши како најдобар или за првото место ќе се решава во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести