Надал не сака да ризикува: Ќе играме кога ќе биде 100% безбедно

Како и сите останати спортови, и тенисот мораше да прогласи привремен прекин на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот. Тоа се случи во март, а за разлика од фудбалот, тенисерите ќе почекаат уште некој месец да рестарт на натпреварувањата.

Рафаел Надал, вториот светски рекет, смета дека не треба да се брза за што порано да продолжи сезоната, прво мора да се обезбедат услови за играње и патување за сите тенисери.

„Доколку сега ми предложите да играм во Њујорк нема да прифатам. Но, сметам дека за неколку месеци ќе се создадат услови за да се одржат турнирите. Потребно е да се разбере моменталната ситуација и сериозно да се сфати. Така ќе се насочиме кон создавање на безбедна средина и услови за да ние тенисерите се вратиме на терените. Мора да бидеме одговорни и на луѓето да им испратиме достоинствена порака како да се однесуваат во овој период“, истакна Надал.

Додека тенискиот мајстор чека да се врати сезоната, Новак Ѓоковиќ во меѓувреме организира турнеја на просторите на поранешна Југославија која ќе се одржи од 13 јуни до 5 август. Популарната Јадранска тениска тура сигурно ќе ги посети Белград и Задар, а се најавуваат мечеви и во Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека звучни имиња од тенискиот свет ќе му се приклучат на првиот светски рекет.

- Оглас -

Најнови вести