Надал не се предава: Се пријави да учествува уште на еден турнир

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во последните две години игра многу ретко. Поради честите повреди, освојувачот на 22 гренслем-титули почесто е во аут отколку на теренот. Надал сега се обидува да го направи последниот обид да се врати меѓу најдобрите.

Учествуваше на турнирот во Барселона, каде што по елиминацијата си замина со солзи во очите знаејќи дека тоа беше негов последен настап таму. Сега тој е подготвен за настап на мастерсот во Мадрид, а веќе прави планови и за уште еден турнир.

Шпанецот уште од сега се пријави за настап на Лејвер купот, кој ќе се игра во Берлин од 20 до 22 септември.

„Многу сум среќен што повторно ќе играм за тимот на Европа. Сакам да излезам на теренот и да можам максимално да ја искористам секоја шанса“, рече Надал.

Покрај Надал, во тимот на Европа учеството го потврдија и Карлос Алкарас, Данил Медведев и Александер Зверев. Се чекаат уште двајца тенисери бидејќи тимот треба да биде составен од шестмина.

Тимот на Европа игра против Тимот на светот, кој минатата година го освои овој интересен турнир.

- Оглас -

Најнови вести