Надал по брза постапка го среди Федерер за ново финале на Ролан Гарос

Рафаел Надал ќе се бори за 12-тата титула на Ролан Гарос откако во првото полуфинале го растури својот најголем ривал Роџер Федерер со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2). Вториот светски рекет одигра феноменален меч против Швајцарецот, па сега ќе го чека второто полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим за да го дознае противникот во финалето.

Фуриозниот старт на Надал го доведе до 3-0 предност при првиот брејк, со што си ја олесни работата да го освои воведниот сет, иако Федерер за момент се врати во игра. Швајцарецот возврати на ист начин, му одзеде гем на Надал за 2-0, а имаше предност сè до 4-3, па потоа Надал со дополнителни напори го сврти сетот во своја корист за 2-0.

Федерер го отвори сетот кој требаше да го освои за да остане во игра, но по 1-0 за него Надал додаде гас, па со два брзи брејка дојде до 5-1. Шпанецот потоа чекаше да сервира за победа, па го стори тоа по брза постапка искористувајќи ја втората меч-топка.

Второто полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Тим ќе започне во 16 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести