Надал само еднаш плачел по загубен натпревар

Рафаел Надал многу пати во кариерата остваруваше големи победи и освојуваше трофеи на најголемите турнири, но, се разбира, многупати ја почувствува и горчината на поразот. Најтешко му паднале три порази, а еднаш дури и плачел по загубен меч.

Чичкото на Рафа, Тони Надал, кој долги години му беше и тренер на тенисерот од Мајорка, кажа кој е мечот по кој Рафаел плачел од тага.

„Единствен пат кога Рафа плачеше по пораз во соблекувалната беше во 2007 година. Тоа беше по финалето на Вимблдон, кога загуби од Роџер Федерер“, изјави Тони Надал.

Во тој меч на вимблдонската трева, Роџер Федерер го совлада Надал со 3-2 во сетови.

„Уште два порази ќе ги памети вечно и тешко ги преброди. Тоа се поразот од Ѓоковиќ во шестчасовното финале на Отвореното финале на Австралија во 2012 година, а другиот е од Содерлинг во четвртото коло на Ролан Гарос во 2009 година“, наведе чичкото на Надал.

- Оглас -

Најнови вести